Цената на златото ги руши сите рекорди: Наскоро би можела да ја пробие границата од 5.000 долари за унца

Цената на златото би можела да порасне на 5.000 долари за унца во првата половина од 2026 година поради геополитичките ризици и растечкиот глобален долг

Во 2025 година, цената на златото порасна за 64 проценти на годишно ниво, што е најбрзиот раст на цените во последниот половина век.

Цената на златото би можела да порасне на 5.000 долари за унца во првата половина од 2026 година поради геополитичките ризици и растечкиот глобален долг, според последната прогноза објавена од британската банка HSBC.

Во исто време, банката ја намали својата просечна прогноза за цената на златото во 2026 година од 4.600 долари на 4.587 долари за унца, бидејќи очекува корекција на цената подоцна во годината, објави Ројтерс.

HSBC соопшти дека корекција на цената надолу би можела да биде позначајна ако геополитичките ризици се намалат или ако Федералните резерви на САД ги запрат намалувањата на каматните стапки. Ако Федералните резерви престанат да ги намалуваат каматните стапки или ги зголемат, златото станува помалку привлечно бидејќи обврзниците и штедењето даваат повисоки приноси.

Банката очекува цените на златото да варираат помеѓу 3.950 и 5.050 долари за унца во текот на 2026 година, со висока волатилност во трговијата и цена на крајот од годината од 4.450 долари.

HSBC, исто така, ги зголеми своите прогнози за просечните цени на златото за 2027 и 2028 година на 4.625 и 4.700 долари за унца, од 3.950 и 3.630 долари претходно.

Банката очекува цената на златото да биде 4.600 долари за унца на крајот од 2027 година, додека просечната вредност за 2029 година ќе биде 4.775 долари.

Во 2025 година, цената на златото порасна за 64 проценти на годишна основа, со најбрзо темпо од 1979 година, потсетува британската агенција.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни