Цената на суровата нафта од типот Brent вечерва порасна на повеќе од 110 долари, покажуваат податоците од светските берзи.
Цената на суровата нафта Brent вечерва околу 21:50 часот порасна за 7,74 отсто, на 111,13 долари по барел.
Како што пренесуваат светските медиуми, глобалните цени на нафтата се зголемиле за повеќе од седум отсто, како последица на геополитичките тензии и војната на Блискиот Исток.
Извор: TANJUG