Цената на среброто продолжува да расте – што се случува со златото?

Цените на златото и среброто повторно растат поради геополитички тензии и очекувано намалување на каматните стапки во САД.

Цените на златото и денеска забележаа раст, достигнувајќи 4.480 долари за унца, бидејќи инвеститорите сè почесто бараат сигурни засолништа поради зголемените геополитички тензии и очекувањата за намалување на каматните стапки во САД.

Вредноста на овој благороден метал порасна откако Соединетите Американски Држави го заробија претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, објави „Trading Economics“.

Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека Вашингтон привремено ќе управува со Венецуела и се закани со нов удар доколку привремената влада не ги исполни барањата на САД.

Инвеститорите внимателно го следат и извештајот за вработеноста во САД, кој треба да биде објавен во петок, со цел да добијат појасна слика за идната монетарна политика.

Цената на златото достигна рекордни 4.550 долари на 26 декември, а 2025 година ја заврши со раст од 64 проценти, што претставува најсилен годишен учинок од 1979 година. Трите последователни намалувања на каматните стапки од страна на американските Федерални резерви дополнително го поттикнаа растот на цената. Златото на истиот датум достигнаа 4.549,92 долари.

Некои од водечките светски банки прогнозираат понатамошен раст и во текот на оваа година, особено поради очекувањата дека Федералните резерви ќе продолжат со намалување на каматните стапки, како и најавата на претседателот Трамп за смена на раководството на американската централна банка.

Во меѓувреме, среброто порасна за 1,7 проценти, достигнувајќи 77,90 долари за унца, платината забележа раст од 1 процент, додека паладиумот остана речиси непроменет.
Индексот на Bloomberg за спот-доларот, кој ја мери јачината на американската валута, порасна за 0,1 процент.

Биткоинот се искачи на три-неделен максимум, а дигиталните средства почнуваат да го следат растот на акциите и благородните метали.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни