Цената на среброто забележува најбрз раст меѓу сите благородни метали во 2025 година, откако од почетокот на годината порасна за дури 70%. Главните причини за ваквиот скок се глобалниот недостиг, зголемената побарувачка од страна на индустријата и инвестициските фондови, како и рекордната куповна активност во Индија.
Според „Блумберг“, растот на цената е резултат на повеќе фактори – од геополитичките тензии и економската неизвесност, до сезонската побарувачка во Азија, која традиционално расте во последниот квартал од годината.
За разлика од златото, среброто има широка индустриска примена. Се користи во електрични возила, батерии, соларни панели и медицинска опрема, што го прави особено чувствително на промени во глобалната индустриска побарувачка.