Целовечерен концерт на „Пијано трио“ на „Охридско лето“

Фестивалската програма на „Охридско лето“ вечерва продолжува со концерт на „Пијано трио“ што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.

Фестивалската програма на „Охридско лето“ вечерва продолжува со концерт на „Пијано трио“ што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.

„Пијано трио“ е составено од тројца етаблирани музичари, Татијана Петрушевска-Караскаковска – прва обоа во оркестарот на НОБ, Марјан Милошевски – прв  фагот во оркестарот на НОБ и професор по фагот на ФМУ,како и пијанистот Петар Макариевски – уметнички соработник при ФДУ, кои ги здружија своите сили во 2014 година.

Сите остварени и потврдени уметници со своите инструменти, поттикнати од желбата за истражување на нови композиции и зголемување на својот репертоар, формираа ансамбл сметајќи дека постоењето на камерни ансамбли од секаков вид е потребно и полезно за музичарите, од аспект на соработка, зголемување на репертоар, изведба на дела кои не се само за соло инструмент туку во соработка со други инструменти.

Во 2024 година  „Пијано трио“ го одбележа својот  десетгодишен јубилеј со  целовечерни концерти во Виница, Офицерскиот дом во Битола, фестивалот на СМУМ „Златна лира“ и КИЦ на РСМ во Загреб.  Во 2024 година триото ја доби наградата „Георги Божиков” која ја доделува СОКОМ, за низата успешни концерти во земјата и странство со дела од македонски композитори.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни