Целосно празни складишта за храна на ОН во Газа

Појасот Газа е целосно зависен од меѓународна помош, особено откако речиси сите капацитети за производство на храна беа уништени во војната со Израел.

Светската програма за храна (WFP) предупреди дека во Газа целосно снемало храна поради израелската блокада на Појасот.

Организацијата соопшти дека последната пратка со намирници е веќе испорачана на народните кујни, и оттогаш нема внес на храна, лекови или хуманитарна помош повеќе од 50 дена. Главните гранични премини се затворени, што целосно ја отсекува Газа од потребните ресурси.

Појасот Газа е целосно зависен од меѓународна помош, особено откако речиси сите капацитети за производство на храна беа уништени во војната со Израел.

Известувачот Тарек Абу Азум се јави од Деир ал-Бала, еден од ретките делови во Појасот каде што хуманитарните организации сè уште имаат минимално присуство.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни