Целосната мистерија на YouTube: Ова е најомразеното видео на сите времиња, а кој стои зад него ќе ве шокира! (ВИДЕО)

Дали знаете кое е најомразеното видео на YouTube?

YouTube веќе неколку години не го покажува бројот на дислајкови, но со години спотот на Џастин Бибер и Лудакрис за песната Бејби важеше за неславен „носител“ на титулата најомразен спот.

Сепак, од 2018 година, работите се променија. Иронично, видеото со најмногу дислајкови го направи YouTube.

Дотичниот клип се вика: „YouTube Rewind 2018: Everyone Controls Rewind“, а целта беше да се сумираат сите најважни моменти од платформата во 2018 година во еден клип.

Сепак, нешто очигледно тргна наопаку, бидејќи за само една недела доби 10 милиони дислајкови, а денес (како што се гледа со помош на одредени додатоци) има околу 20 милиони дислајкови.

Главно коментарите одеа во насока на незадоволни гледачите бидејќи беа вклучени трендовите кои некогаш беа модерни, а беа исклучени некои од најпопуларните јутјубери таа година.

По ова никогаш повеќе не го видовме копчето „Не ми се допаѓа“, напиша еден корисник на YouTube.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни