Забраната важи 24 часа на ден, односно од 00:00 до 24:00 часот, на целата територија што е под управување на ЈП „Национални шуми“. Исклучоци ќе бидат дозволени само со писмено одобрение издадено од подружниците на ова јавно претпријатие, и тоа исклучиво за подрачјата со кои тие стопанисуваат.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, врз основа на член 57, став 3 од Законот за шумите, денеска ја дало официјалната согласност за воведување на забраната.

Казни до 2.000 евра за прекршителите
Сите физички лица кои ќе бидат затекнати во шумски предели без дозвола, ќе се соочат со казни од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност. Ова е предвидено во член 106 од Законот за шумите.
Надлежните апелираат до граѓаните да ја почитуваат забраната, да не ризикуваат со несовесно однесување и да придонесат во заштитата на шумите, кои се од клучно значење за животната средина и здравјето на сите.