Цело Скопје без вода во сабота

Жителите на Скопје ќе останат без вода во сабота поради санација на четири големи дефекти на главниот градски водовод, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. Еден од најсериозните дефекти, кој две недели предизвикува истекување на вода, се наоѓа на улицата Никола Парапунов во Карпош 4. Главниот затворач на водоводната цевка со дијаметар од 1600 мм, кој се наоѓа во кругот на касарната Ѓорче Петров, ќе биде исклучен за да се овозможи поправка.

„Овој вид затворање на главниот градски вод се прави ретко, последен пат беше во 1991/1992 година за приклучок на бунарското подрачје Лепенец. Оперативниот план за санација е изготвен за да обезбедиме што поефикасна и побрза интервенција,“ соопштуваат од претпријатието. Тие додаваат дека зафатот ќе го подобри притисокот, ќе ја намали загубата на вода од Ѓорче до Карпош и ќе ја зголеми трајноста на водоводната мрежа.

Прекинот ќе започне во сабота, на 21 декември, но времетраењето на исклучувањето сè уште не е прецизирано. Останува нејасно дали водата ќе биде исклучена веднаш по полноќ, петок кон сабота. Граѓаните, револтирани од недостатокот на детали, бараат поконкретни информации преку официјалната Фејсбук страна на „Водовод“. Од претпријатието апелираат на трпение и разбирање додека трае интервенцијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни