„Овој вид затворање на главниот градски вод се прави ретко, последен пат беше во 1991/1992 година за приклучок на бунарското подрачје Лепенец. Оперативниот план за санација е изготвен за да обезбедиме што поефикасна и побрза интервенција,“ соопштуваат од претпријатието. Тие додаваат дека зафатот ќе го подобри притисокот, ќе ја намали загубата на вода од Ѓорче до Карпош и ќе ја зголеми трајноста на водоводната мрежа.
Прекинот ќе започне во сабота, на 21 декември, но времетраењето на исклучувањето сè уште не е прецизирано. Останува нејасно дали водата ќе биде исклучена веднаш по полноќ, петок кон сабота. Граѓаните, револтирани од недостатокот на детали, бараат поконкретни информации преку официјалната Фејсбук страна на „Водовод“. Од претпријатието апелираат на трпение и разбирање додека трае интервенцијата.