Целиот регион тагува за Македонија, а Македонија се гуши во болка и бес

Денеска е ден на жалост во Србија, Бугарија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Овие земји го прогласија 18-ти март за ден на жалост во знак на почит кон жртвите од трагедијата во Кочани, која одзеде најмалку 59 млади животи.

Додека целиот регион застанува во солидарност, додека низ светот се отвораат книги на жалост во македонските амбасади, додека знамињата се спуштени, овде, дома, младите се гушат во разочараност и бес. Системот кој требаше да ги заштити – повторно ги изневери.

Тагата не е само за загубените животи, туку и за изгубената надеж. Тагата е за секој млад човек кој се чувствува небезбедно, оставен на милост и немилост на институции што каснат, молчат, и најчесто – не прават ништо.


Денес, додека целиот регион тагува за Македонија, Македонија тагува за својата иднина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни