Целата управа на Електротехничкиот факултет во Белград си дала оставка поради копањето литиум

Деканот и целата управа на Електротехничкиот факултет во Белград си поднеле оставки поради притисоци во врска со проектот Јадар, за ископување на литиум во Србија.

Како што пишуваат српските медиуми, на седницата на факултетот требало да се гласа за нивниот став дека не го поддржуваат проектот, но притисоците кои се вршеле врз нив за поддршка на Јадар довеле до одлука тие да поднесат оставки.

Деканот Дејан Гвоздиќ на седницата рекол дека раководството на факултетот поднесува оставка и навел дека ситуацијата во која се наоѓа факултетот не е добра и дека без потреба се нашле во тешка ситуација

Како што пишува „Данас“, мнозинството од членовите во Научно-наставниот совет биле против Јадар, меѓутоа, поради оставките не дошло до гласање.

Како што објави „Нова“ со недели трае притисокот на факултетот да се изјасни за проектот Јадар, а токму деканот бил против тоа високообразовната институција да се изјаснува за литиумот, бидјеќи не е строго специјализирана за тоа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни