Точно во 11:52 часот, граѓаните на најпрометните раскрсници и улици застанаа во тишина – 16 минути, во знак на сеќавање и почит кон жртвите.
Нови Сад
Новосаѓани се собраа на повеќе локации, меѓу кои кај Железничката станица, кај зградата на Бановината, на Булеварот на цар Лазар и на Стражиловска. Со молкот тие се потсетија на трагичниот 1 ноември 2024 година, кога се случи несреќата. Подоцна во текот на денот средношколците, со поддршка од студентите, најавија протест под мотото „Средношколците паметат“.
Ужице
И во Ужице, граѓаните ја оддадоа почит на жртвите. По собирот на „Трг партизана“, тие се упатија кон Основното училиште „Душан Јерковиќ“, каде беше најавен протест против отпуштањата на наставниците.
Ниш
Во Ниш, комеморативниот собир започна пред Основниот суд, по што следеше протестна прошетка до зградата на “Бановината“. Со транспаренти и перформанс од 16 празни столици со бели рози, студентите и граѓаните порачаа: „10 месеци, 16 жртви – ниту еден одговорен“.
Параќин
Во Параќин граѓаните се собраа на кружниот тек кај средните училишта, во чест на својата сограѓанка Ања Радоњиќ, 15-тата жртва на трагедијата, која студирала кинески јазик и во Нови Сад отпатувала за да го прослави завршувањето на студиите.
Чачак, Нови Пазар, Краљево и Белград
Во Чачак, Нови Пазар и Краљево, граѓаните исто така застанаа во 16-минутна тишина. Во Белград, молкот беше одржан на Булеварот на кралот Александар, а подоцна беше организирана голема комеморативна прошетка на средношколците, на која се приклучија и студенти, како и бројни граѓани.
Со овие собири јавноста уште еднаш потсети дека за трагедијата во Нови Сад, во која загинаа 16 луѓе, сè уште нема одговорни лица изведени пред правдата.
Извор: Nova.rs