Цел Бразил се потсмева со Луис Хамилтон, погледнете со што пристигна на тренинг: „Што носеше, тепих?“

Возачотот на Формула 1 тимот на Мерцедес, Луис Хамилтон, викендов ќе ги одмери силите со своите колеги на трката за Големата награда на Сао Паоло. Луис привлече големо внимание на денот на првиот тренинг и квалификациите за спринтот, но овој пат со својата модна комбинација.

Необичниот аутфит на Хамилтон е снимен пред првиот тренинг. Тој сините, широки панталони ги облкол со зелена маичка со кратки ракави, која на многумина им личела на тепих, а на некои дури и на трева.

Инаку, Луис е познат по своите необични комбинации кои го издвојуваат меѓу неговите познати колеги возачи. Деновиве на прес-конференцијата тој се појавил со панталони на кои најверојатно рачно било изработено бразилското знаме.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни