На девизниот пазар минатата недела вредноста на доларот во однос на другите валути падна на најниско ниво во последниве три години, како резултат на ескалацијата на царинската војна меѓу САД и Кина и повлекувањето на инвеститорите од американските државни обврзници.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската валута во однос на шесте најважни светски валути, падна минатата недела за 3 проценти, на 99,78 поени – најниско ниво од пред три години.
Во исто време, курсот на еврото порасна за 3,6 проценти, на 1,1355 долари, што е највисоко ниво од февруари 2022 година. Американската валута ослабе и во однос на јапонскиот јен, за 2,3 проценти, па нејзината вредност падна на 143,50 јени.
Овој остар пад на доларот, втора недела по ред, е резултат на неизвесноста околу царините, кои американскиот претседател Доналд Трамп наизменично ги најавува, одложува, па повторно ги зголемува на увозот од Кина, пренесе агенцијата Хина.