Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека најавените царини од 25 проценти кон Мексико и Канада денес ќе влезат во сила, додавајќи дека овие две земји и трговските партнери на САД „немаат простор“ за понатамошни преговори.
Трамп истакна дека царините се поставени за да ги „казнат“ земјите кои, како што рече, земаат од американската економија, но не и враќаат доволно.
Претходно, советникот за трговија на Белата куќа, Питер Наваро, изјави дека воведувањето царини за другите земји нема значително да влијае на зголемувањето на инфлацијата во САД.