CYCLING & RECYCLING –отворен повик за дизајн решенија за безбедност на велосипедисти

Платформата SKOPJE DESIGN WEEK во соработка со Стопанска банка, оваа година под мотото “CYCLING & RECYCLING” со цел да се подобри велосипедската инфраструктура, сообраќајна култура и безбедност во Скопје и поинтензивно и побезбедно користење на велосипедот во урбана средина како и подигнување на јавната свест за присутност на велосипедите во сообраќајот, отвора повик за дизајн решенија.

Краен рок за пријавување е 14 септември. Може да учествуваат ломпании, дизајнери, дизајн студија и неформални групи, поединци кои имаат иновативни идеи со цел да се унапреди постоечката инфрасктруктура, да се зголеми користењето на велосипеди во Скопје и да се подигне свеста кај останатите учесници во сообраќајот за велосипедска култура со цел побезбеден урбан велосипедизам. 

На овој повик може да се пријават следниве решенија:

Дизајн на велосипед.

Помагала, додатоци, опрема, акцесоари за велосипедизам (со акцент на урбан велосипедизам) како што се кацига, ѕвонче, корпа, рачки, седиште…

Стикери, амблеми и сл. со ефекти за зголемување на видливоста на велосипедот/ велосипедистот преку ден и ноќе.

Стикери, амблеми и сл. со пораки кои ќе придонесат за зголемување на свеста кај граѓаните за безбедно учество на весолипедисти во сообраќајот.

Паркиралиште за велосипед во јавен простор (тротоар и сл) кој претставува предизвик во поглед на зафатнина на јавниот простор, како и иновативен начин на складирање и транспорт на велосипеди.  

Изборот на најдобри три решенија ќе го изврши стручно жири по следните критериуми:

Да биде целосно во линија со критериумите (посакувани дизајн решенија) на повикот за унапредување на велоспедизмот, безбедноста на велосипедистите во сообраќајот и омасовување на велосипедот како ненадминливо и модерно траснпортно решение.

Потенцијал истото решение да биде прифатено од поширока јавност/публика.

Економичност во изведба, и тоа првенствено за произведување на прототип решение, а подоцна истото да прерасне во сериски производ или во кампања.

Избалансирани трошоци за производство како би наишло на привлечност од страна на производител во Македонија или регионот.

Решенијата кои ја подобруваат безбедноста на велосипедскиот сообраќај.

Целосно или делумно користење на рециклирани материјали или материјали кои понатаму би можеле да бидат рециклирани. 

Сите дизајн предлози кои нудат значајно унапредување на урбаниот велосипедизам и унапредување на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот ќе бидат изложени во 2Д за време на фестивалот SKOPJE DESIGNWEEK, од 6 до 10 ноември.

Трите најдобри предлози ќе бидат првенствено доработени (доколку е тоа нужно) под менторство на стручен тим и произведени како прототип решенија. Прототипите ќе бидат изложени на фестивалот SKOPJE DESIGN WEEK.

Финално, паркинг решенијата и други системски предлог решенија кои се предвидени да се изведат во јавен простор ќе бидат доработени (доколку е нужно) со помош на стручен тим, и претставени пред градоначаниците на Град Скопје и сите скопски општини. Форматот на печатење и презентација ќе се изработи во тесна координација со авторите на решенијата.

Секој кандидат правно или физичко лице има право да испрати повеќе решенија.

Решенијата се испраќаат во PDF формат. Предлог решенијата (PDF документот) се испраќа исклучиво преку  www.wetransfer.com адресирајќи го до info@publicroom.org. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни