На 16 април во 20:00 часот во Националната Опера и Балет, 𝐀𝐥𝐚𝐢𝐧 𝐏𝐞́𝐫𝐞𝐳 заедно со Националниот џез оркестар и осумчлената ритам-секција La Orquesta ве носат на незаборавно патување низ салса, тимба и џез.
Овој април, Скопје станува дел од европската турнеја 𝑳𝒂 𝑭𝒊𝒆𝒔𝒕𝒂 𝑻𝒐𝒖𝒓 на Alain Pérez – музичар кој со децении ја пренесува енергијата на кубанската музика на светските сцени.
Alain Pérez е мултиинструменталист, пејач, композитор и продуцент, кој го стекна своето светско признание како член на легендарниот латин-џез состав Irakere под водство на Chucho Valdés, и како долгогодишен соработник на фламенко-иконата Paco de Lucía.
Во текот на кариерата соработувал со музички великани како Chick Corea, Wynton Marsalis, Celia Cruz, Rubén Blades, Paquito D’Rivera, Diego El Cigala и Isaac Delgado, создавајќи уникатен звук кој ги спојува салсата, тимбата, џезот и фламенкото во моќна музичка експлозија.
Добитник на 𝐺𝑟𝑎𝑚𝑚𝑦 и 𝐿𝑎𝑡𝑖𝑛 𝐺𝑟𝑎𝑚𝑚𝑦 признанија, Alain Pérez денес важи за еден од најистакнатите претставници на современата афро-кубанска музика.
Подгответе се за вистинска кубанска фиеста, со енергија и ритам што се чувствуваат со цело тело!
Билетите за концертот може да ги набавите онлајн на https://mktickets.mk/event/cuban-jazz-explosion/ и на продажните места на MKTickets.
Билети со 50% попуст за студенти и пензионери ќе бидат достапни на денот на концертот, еден час пред почетокот, на билетарницата на Националната опера и балет, со приложување соодветен документ.
Билетите може однапред да се резервираат на: info@jazzorchestra.mk