Од 5 до 8 мај ќе се одржи студентската резиденција во склоп на Конкурсот за награда за најдобар студентски превод ВАВИЛОН – Нова генерација.
11-те учесници и натреварувачи ќе имаат можност да ги продлабочат своите знаења за алатикте и техниките на преводот со веќе докажани занаетчии на пишаниот збор.
Во с.Радожда, Струшко покрај езерска идила, нашите учесници ќе бидат инспирирани од менторите Филип Димевски, Искра Димковска, Татјана Срцева – Павловска.