Црвен метео аларм во Грција поради циклонот „Ерминио“, се најавува силно невреме

Грчките власти предупредија дека од денеска до четврток земјата ќе биде зафатена од силно невреме, а за делови од Пелопонез, Централна Грција, Атика, Евија, Тесалија, Спорадите и Додеканез е издаден црвен аларм поради интензивни грмотевици, силен ветер и можен град.

Грција од денеска влегува во фаза на силно невреме предизвикано од циклонот „Ерминио“, при што Националната метеоролошка служба предупреди дека најтешкиот бран се очекува во среда, со поројни дождови, силни грмотевици, засилен ветер и локална појава на град. Невремето веќе е најавено за поголем дел од земјата, а за неколку региони е активиран и црвен метео аларм.

Според итниот билтен на EMY, временската состојба е поврзана со двојна циклогенеза во Медитеранот, а системот „Ерминио“ се засилува над централниот Медитеран и постепено ќе се прошири низ најголем дел од Грција во текот на денот и во четврток.

Во вторник се очекува зголемена облачност со локален дожд или ситен дожд, главно во западните, северните и источните егејски делови, како и на Крит. Спорадични бури се најавени во Јонското Море, особено од попладневните часови, додека во планинските делови на северна Грција е можна и појава на снег.

Клучниот удар се очекува во среда, кога влажниот систем ќе формира површински циклон над Либија, кој брзо ќе се движи кон североисток. Тогаш низ земјата се прогнозираат интензивни грмотевици, а на одделни места и град, со нестабилно време што ќе трае во текот на целиот ден.

Црвеното предупредување важи за источниот дел на Пелопонез, Централна Грција, Евија, Тесалија, островите Споради, Атика и Додеканез. Портокалов аларм е издаден за Кикладите и островите во источниот Егеј.

Во четврток обилни врнежи и грмотевици се очекуваат во западниот и јужниот дел на Пелопонез, источна Тесалија, делови од Централна Македонија, Крит, источниот Егеј и Додеканез. Според прогнозата, нестабилноста треба постепено да почне да слабее во петок.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни