Conspiracy со нов сингл „Предрасуда“

„ПРЕДРАСУДА” е авторско дело на членовите на бендот Стефан Трајкоски (вокал и гитара), Александар Стефановски (тапани), Адриан Петров (гитара) и Раде Биковски (бас).

Македонскиот треш/хеви метал состав Conspiracy, формиран во Скопје во 2016 година и познат по својот енергичен звук и агресивни рифови, повторно ги освои срцата на метал заедницата со објавувањето на својот најнов сингл со наслов „ПРЕДРАСУДА“.

„ПРЕДРАСУДА“ е дел од нивниот втор студиски албум „Zagovor“ („Заговор“), објавен на 6 јуни 2025 година. Албумот ја продолжува традицијата на бендот да истражува мрачни и контроверзни теми, со целата музика да служи како огледало на општествените неправди и личните битки на поединецот. Песната „Предрасуда“ се издвојува по својата тежина и тематска длабочина, со пораки кои ја истражуваат природата на предрасудите – како општествени, така и лични – и нивното влијание врз индивидуата и заедницата.

Оваа композиција е проследена со видео запис снимен и монтажиран од Јове Ангелески. Особено впечатливо е што видео записот за „Предрасуда“ е целосно составено од снимки од нивниот самостоен концерт на 31 октомври 2025 година во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје.

„ПРЕДРАСУДА” е авторско дело на членовите на бендот Стефан Трајкоски (вокал и гитара), Александар Стефановски (тапани), Адриан Петров (гитара) и Раде Биковски (бас).

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни