CNN: Трамп живее во „алтернативна реалност“ – не зна што навистина се случува во Иран

CNN анализира дека американскиот претседател Доналд Трамп изнесува неточни и контрадикторни информации за војната со Иран, признавајќи дека нема доволно информации за клучни настани.

Американскиот претседател Доналд Трамп изнесува неточни и контрадикторни тврдења за војната со Иран, што отвора сериозни прашања колку навистина е информиран за ситуацијата на терен, анализира CNN.

Контроверзноста започна откако Трамп во саботата изјави дека Техеран погодил иранско основно училиште во првите денови од војната, при што загинале десетици деца. Но само два дена подоцна, на прес-конференција во понеделникот, тој призна дека всушност „не знае доволно“ за тој настан.

Трамп потоа сугерираше дека и други земји, вклучувајќи го и Иран, користат ракети „Томахавк“ тип на крстосувачки ракети со кои било погодено училиштето. Но, според воени експерти, Иран воопшто не располага со такви ракети.

Признание дека немал информации

На прашање зошто никој од неговата администрација не ја повторува неговата верзија дека Иран е одговорен за нападот врз училиштето, Трамп одговори:

„Затоа што едноставно не знам доволно за тоа.“

Тој додаде дека ќе ги почека резултатите од истрагата.

Со тоа американскиот претседател фактички призна дека изнел сериозно обвинение без доволно информации, иако станува збор за еден од најконтроверзните напади во текот на војната.

Според анализи на достапните докази, американската војска најверојатно е одговорна за нападот. Се појави и нова снимка која, според аналитичарите, прикажува американска ракета насочена кон база на Иранската револуционерна гарда, која се наоѓала во близина на училиштето.

Контрадикторни изјави за земјите од Заливот

На истата прес-конференција Трамп изјави и дека соседните земји од Персискиот Залив се приклучиле на воените операции против Иран заедно со САД и Израел.

Тој ги спомена Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Катар како земји што наводно учествуваат во нападите.

Но според CNN, тоа не одговара на реалната состојба.

Иако Иран возврати со напади врз американски цели во некои од тие земји, ниту една од нив не се приклучила директно на војната.

Обединетите Арапски Емирати, кои беа изложени на најсилни напади, не возвратија со воени акции. Саудиска Арабија предупреди дека би можела да реагира доколку нападите продолжат, но засега не учествува во конфликтот.

Катар, пак, преку својот премиер и Министерството за надворешни работи повика на смирување на тензиите.

Републиканскиот сенатор Линдзи Греам исто така потврди дека заливските земји не се вклучиле во борбите. Тој дури јавно ја критикуваше Саудиска Арабија затоа што не се приклучила на воената коалиција.

Спорни оправдувања за војната

Трамп на прес-конференцијата изјави и дека блокадата и забавувањето на транспортот низ Ормускиот Теснец „всушност не влијае“ врз САД, бидејќи земјата произведува доволно сопствена нафта.

Но аналитичарите посочуваат дека глобалната економија е силно поврзана и дека растот на цените на нафтата влијае и врз американската економија.

Трамп повеќепати ја оправдуваше војната тврдејќи дека Иран наскоро ќе може да нападне американска територија со интерконтинентални балистички ракети и дека планирал превентивен напад врз САД.

Тој исто така тврдеше дека Техеран имал намера да го преземе целиот Блиски Исток.

Според CNN, ниту една од овие тврдења досега не е поткрепена со јавни разузнавачки податоци.

Алтернативна реалност“

Во својата анализа CNN заклучува дека Трамп често делува како да живее во сопствена „алтернативна реалност“, во која фактите и информациите се приспособуваат на политичките пораки.

Според медиумот, таквиот пристап може да функционира во внатрешната политика, но претставува многу поголем ризик кога станува збор за војна во исклучително нестабилен регион како Блискиот Исток.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни