CNN: По нападите на Иран – Дубаи е празен

Дубаи, град кој се гордее со својата безбедност и стабилност, нема јавни засолништа. Затоа многу жители ноќта од сабота на недела ја поминале во подземни гаражи, обидувајќи се да ги заштитат исплашените деца од експлозиите кои одекнувале.

Дубаи денес изгледа непрепознатлив. Среде зима, на врвот на туристичката сезона, плажите, трговските центри и хотелите кои обично врвеле со посетители се речиси празни, автопатите се празни, а на небото не се гледа вообичаениот густ авионски сообраќај. Дубаи Марија, обично полна со јахти и забава, е необично тивка. Градот се затвори по иранските напади кои ја погодија регијата, пишува CNN.

Слики кои потсетуваат на пандемија

Многу жители се сетиле на карантинот за Ковид-19 пред шест години, кога еден од најпрометните светски градови одеднаш замре. Училишта повторно преминале на онлајн настава, а семејствата не излегувале од домовите.

„Се чувствува како во време на ковид. Тивко е, сончево, се слушаат птици, нема бучава од сообраќај и авиони“, изјави Пол Девит, снимател на CNN од Абу Даби.

Дел од жителите се упатиле во супермаркети за да се снабдат со намирници, а апликациите за достава забележале задоцнувања поради наглиот пораст на побарувачката. Квартовите кои обично се полни со живот до доцна навечер беа целосно празни.

Бегство кон безбедноста

Поради затворањето на воздушниот простор на Обединетите Арапски Емирати, некои жители се упатиле кон помирни делови на земјата. Во Хати, близу границата со Оман, најмалку еден хотел ја пренаменил својата конференциска сала во импровизирано засолниште за туристите кои се одјавиле, но не можеле да ја напуштат земјата. Некои од новопристигнатите гости рекле дека таму ги сместиле семејствата од делови на Дубаи кои биле мета на нападите.

Други се упатиле кон Оман, првично единствената земја во регионот која во саботата не беше погодена од иранските напади. Сепак, оманските власти во недела соопштиле дека два дрона таргетирале една локална порта.

Ноќ во подземни гаражи

Дубаи, град кој се гордее со својата безбедност и стабилност, нема јавни засолништа. Затоа многу жители ноќта од сабота на недела ја поминале во подземни гаражи, обидувајќи се да ги заштитат исплашените деца од експлозиите кои одекнувале.

Некои им објаснувале на децата дека се работи за рамазански огномет или топови кои традиционално се пукаат за време на ифтар, за да ги смрат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни