CNN отпушта стотици работници и ресурсите ги пренасочува на дигитални платформи

Отпуштањата најверојатно нема да се однесуваат на најпознатите имиња на CNN, кои се под договор, а CNN има околу 3.500 вработени низ целиот свет

CNN објави дека отпушта околу шест проценти од својот вкупен телевизиски персонал, или околу 210 вработени, бидејќи ги пренасочува ресурсите кон глобалната дигитална публика, пренесува американски CNBC.

Извршниот директор на CNN, Марк Томсон, најави укинување работни места во дописот кој го испрати до персоналот на компанијата, потврдувајќи го извештајот на CNBC дека CNN ќе ги намали бројот на вработени.

Во дописот, Томсон напиша дека CNN не очекува значително намалување на бројот на вработени оваа година, бидејќи компанијата планира да инвестира 70 милиони долари во нови дигитални планови.

“Знам дека без оглед на вкупниот број укинати работни места, влијанието на поединци кои се вклучени може да биде огромно”, напиша Томсон и додаде:

“Процесот на промена е суштински важен ако сакаме да напредуваме во иднина, но исто така признавам и жалам за вистинските последици по човечките ресурси во тој процес.”

Отпуштањата најверојатно нема да се однесуваат на најпознатите имиња на CNN, кои се под договор, а CNN има околу 3.500 вработени низ целиот свет.

Портпаролот на CNN одби да коментира дописот на Томсон и тврдењата кои се појавија во врска со него.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни