Белград парализиран, снегот повторно непремостлива пречка за градските власти

Повеќе од 40 линии на јавниот превоз се пренасочени или целосно запрени поради обилните снежни врнежи

Снежните врнежи денеска го парализираа Белград, соопшти Центар за локална самоуправа (CLS), наведувајќи дека повеќе од 40 линии на јавниот градски превоз се пренасочени или целосно запрени поради временските услови.

Во соопштението на CLS се истакнува дека зимските служби на градското јавно претпријатие „Белград пат“ не биле забележани на терен, додека во исто време, како што тврдат, голем број семафори не функционирале, што дополнително го отежнувало сообраќајот низ градот.

„И покрај тоа што снежните врнежи беа најавени неколку дена однапред, изгледа дека снегот и оваа година ја изненади градската власт, поради што Белград е парализиран“, се наведува во реакцијата на Центарот за локална самоуправа.

Од организацијата упатија апел до надлежните градски служби да ја преземат својата одговорност и навремено да реагираат, со цел снегот да не претставува, како што велат, „непремостлива пречка за нормалното функционирање на градот и секојдневниот живот на граѓаните“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни