„Clothes swap“ настан во Скопје

Наредниот вторник (28 мај) во 17:30ч. во дворот на ВЦС(Волонтерски Центар Скопје) ќе се одржи трампање на алишта или „Clothes swap“. Организатори на настанот се ВЦС и КРИК(Центар за млади активисти). Трампањето на облека е познат концепт во другите европски држави. Вашата стара облека наместо да ја фрлите, ја подарувате на некој друг. За возврат имате можност да најдете некое уникатно парче облека кој некој го износел доволно па решил да го подари на следниот сопственик.

Бидете дел од нечија среќа, подарете нешто што на вас не ви менува ништо и без потреба ви зафаќа место во плакарот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни