Над 6.600 цивилни објекти погодени во американско-израелските напади

Иранската Црвена полумесечина тврди дека од почетокот на војната на 28 февруари биле погодени илјадници домови, училишта и медицински центри.

Најмалку 6.668 цивилни објекти се погодени во американско-израелските напади од почетокот на војната на 28 февруари, соопшти иранската Црвена полумесечина.

Според нивниот извештај, погодени биле 5.535 станбени објекти и 1.041 деловна зграда, како и 14 медицински центри, 65 училишта и 13 објекти поврзани со Црвена полумесечина, пренесува „Ал Џезира“.

Во нападите биле оштетени и спасувачки возила, а неколку хуманитарни работници биле повредени додека извршувале спасувачки мисии.

Конфликтот на Блискиот Исток ескалираше на 28 февруари, кога започнаа американско-израелските воздушни напади врз Иран, по што следуваа низа одмазднички напади во регионот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни