Мијалникот е едно од најкористените места во секоја кујна: таму миеме садови, одложуваме прибор, исплакнуваме остатоци од храна и маснотии. Поради тоа површината брзо го губи сјајот — се појавува каменец, масни наслаги и траги од вода создаваат слој што тешко се отстранува дури и со скапи средства.
Но решението, изненадувачки, не доаѓа во вид на ново хемиско средство – туку од вашата оставa: обичното брашно. Трикот веќе станува глобален хит меѓу домаќинките бидејќи го чисти и полира мијалникот речиси без никаков напор.
Иако на прв поглед изгледа необично, брашното има силна способност да апсорбира маснотии. Кога се нанесува на чиста и целосно сува површина, го „влече“ задржаното масло, нечистотиите и влагата, а истовремено делува како благ абразив. Тоа значи дека ги отстранува тврдокорните флеки без да ја изгребе површината.
За разлика од агресивните хемикалии што ја сушат кожата и оставаат остар мирис, брашното е нетоксично, безбедно и не предизвикува иритации. А најдобрата работа? Чистењето ве чини нула денари.
Како да го примените трикот? Мијалникот прво измијте го со редовен детергент. Потоа избришете го целосно – ова е клучно. Распоредете обилен слој брашно по целата површина, па со сунѓер или мека крпа втријте го брашното во кругови, како нежeн пилинг. Треба да оставите да делува 15–20 минути. На крајот, исплакнете со млака вода и избришете со сува крпа. Штом завршите, мијалникот ќе добие огледален сјај, како да е нов.
Овој метод не само што чисти, туку и полира, не остава мирис, траги или гребнатини. Ефикасен е за сите типови метални површини и е идеален за луѓе што избегнуваат силни хемикалии во домот.
Во време кога сѐ повеќе луѓе се свртуваат кон природни решенија, брашното се покажува како одличен пример дека наједноставните методи се често најделотворни.
