Од 6 до 8 декември во Cineplexx Skopje (City Mall) ќе се одржи второто издание на Деновите на современиот италијанскиот филм Cinema Made in Italy.
Манифестацијата е организирана од Cinecittà, еден од најважните архиви на филмски и фотографски материјали во Европа, во соработка со Италијанскиот културен институт во Белград и Cineplexx Skopje City Mall, а со поддршка на Амбасадата на Италија во Скопје.
За време на манифестацијата ќе бидат прикажани некои од најновите дела на современата италијанска кинематографија, дела на млади режисери и филмови претставени на престижни филмски фестивали.
Влезот на проекциите ќе биде бесплатен, а билетите ќе може да се подигнат при билетарата на Cineplexx.
Cinecittà е еден од најважните кинематограгски архиви во Европа која ги содржи најзначајните материјали на европската и италијанската кинематографија. Се грижи за конзервација и промоција на Архивот Luce, визуелно наследство од универзална вредност кое сведочи за историјата на XX век и е впишано во регистарот „Меморија на Светот“ на УНЕСКО.
Cinecittà исто така управува со легендарните филмски студија и ја промовира италијанската филмска продукција како членка на „European Film Promotion (EFP).