Cinedays и Кинотека со програма посветена на еден од најголемите југословенски режисери Вељко Булајиќ

И оваа година Cinedays во соработка со Кинотека имаат програма посветена на големите филмови и филмските доајени. Годинава со селекција од трите најдобри филма, му се оддава признание на еден од најголемите југословенски режисери Вељко Булајиќ.

На програмата на фестивалот, од 11 до 17 јули ќе бидат прикажани филмовитe:

The Battle on the River Neretva / Битката на Неретва (1969)

Kozara / Козара (1962)

Skopje 1963 / Скопје 1963 (1964)

Можеби најпознатиот и еден од наценетите југословенски филмски режисери, Вељко Булајиќ, е роден во 1928 година, во малото место Вилуси крај Никшиќ во Црна Гора. Неколку години подоцна, неговата фамилија се сели во Сараево. Во 1943 г. се придружува на партизанските чети во НОБ, а една година подоцна бива тешко повреден. Од 1946 живее во Загреб, каде што интензивно започнува да ја проучува филмската уметност. Како стипендист, запишува филмска режија на ценетиот институт Centro Sperimentale di Cinematografia во Рим. За време на студиите, работи и како асистент на филмовите на Федерико Фелини и Виторио де Сика. По враќањето во родната земја, му асистира на југословенскиот и хрватски филмаџија Ватрослав Мимица на филмот ВО ОЛУЈА. Режира и неколку краткометражни и документарни остварувања. 

Дебитира како режисер на долгометражен игран филм со проектот Воз без возен ред. Во 1959 г., филмот беше прикажан на филмскиот фестивал во Пула, а беше и официјално селектиран на филмскиот фестивал во Кан. Креиран под очигледно влијание на италијанскиот неореализам и на американскиот вестерн, филмот на режисерски план се одликува со масовни сцени и со прецизна контрола на мизансценот. Влијанието на италијанската кинематографија и неореализмот е забележливо и во остварувањето Зовриен град од 1961 година, добитник на наградата за најдобар филм и сценарио на фестивалот во Пула. 

Медаља на фестивалот во Москва, и се разбира неговото светски познато дело Битката на Неретва, номиниран за престижната статуетка Оскар во категоријата за најдобар странски филм во 1969 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни