Петочка вечер на Cinedays: кратки филмови, регионални премиери и музика

Третиот ден на 24. Cinedays носи богата филмска програма и вечер посветена на CINEmusic

ретиот ден од 24. Cinedays – Фестивал на европски филм продолжува со динамичен избор од кратки филмови, регионални премиери и музички настапи кои ја заокружуваат фестивалската атмосфера во петок навечер.

Кратки филмови – од 19 до 22 часот во 25 Мај, Фросина и Кинотеката

Програмата започнува во 19 часот во салата 25 Мај со филмот „Антипод“ во режија на Бојан Секуловски.

Од 20 часот во Кино Фросина ќе се прикаже „Ел Дорадо“ на Матија Јовановиќ, по што следува филмот „Нурнување во рапсодија“ на Елдан Аломеровиќ во 21 часот во Кинотеката.

Вечерта завршува со „Мојот Њујорк“ на Алрик Браун, кој ќе се прикажува во 22 часот во Фросина.

МК / ЕУ програма

Во рамките на македонско–европскиот избор, вечерва ќе биде прикажан филмот „Фантази“ на Кукла, со проекција во 20:25 часот во Кино Фросина.

СЕЕ селекција

Како дел од програмата од Југоисточна Европа, во 21 часот во Кинотеката ќе се прикаже филмот „Кога ѕвони телефонот“ во режија на Ива Рдивојевиќ.

Гала програма

Во гала терминот, фестивалот ја прикажува регионалната премиера на „Амрум“ од Фатих Акин, закажан за 22:20 часот во Кино Фросина.

Зимски Македокс

Во документарната програма, во 19:30 часот во салата 25 Мај се прикажува филмот „Ниедна друга земја“ на Јувал Абрахам.

CINEmusic: Жестока регионална музичка вечер во МКЦ

Од 20:30 часот во Клуб-ресторанот на МКЦ, посетителите ги очекува моќен музички сет со регионално препознаени изведувачи:

  • Лу – алтернативно рок / пост-панк трио од Шабац
  • Short Reports – енергично рок-дуо од Нови Сад
  • Свире – проект на босанскохерцеговечкиот музичар Дин Алин
  • Митско биче – белградски инди-рок состав

Настанот е дел од програмата CINEmusic, која веќе традиционално ја спојува филмската и музичката публика во најкреативниот дел од фестивалот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни