Во Дубаи се отвори највисокиот хотел на светот: „Ciel Dubai Marina“

Со висина од 377 метри и 82 ката, „Ciel Dubai Marina“ постави нов светски рекорд и донесе спектакуларни содржини на хоризонтот на Дубаи.

Дубаи официјално го доби новиот светски рекордер во хотелскиот сектор – „Ciel Dubai Marina“, највисокиот хотел на планетата, кој ги пречека своите први гости. Со импресивни 377 метри висина, тој го надмина досегашниот рекордер „Gevora Hotel“ (356 м), кој исто така се наоѓа во Дубаи.

Хотелот се издига на 82 спрата и располага со 1.004 соби и апартмани, дизајнирани да понудат панорамски погледи и луксуз кој е стандард за овој град на екстреми. Меѓу најатрактивните содржини е и највисокиот инфинити-базен на светот, поставен на 76. кат – дури 310 метри над градот.

Дополнително, хотелот има и спа-центар и фитнес, кои работат 24 часа дневно и се лоцирани на 61. кат, нудејќи искуство што го комбинира луксузот со незаменливи панорамски погледи.

Со ова, Дубаи уште еднаш го зацврстува својот статус како светски лидер во архитектонските и туристичките мегапроекти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни