Чупеска: Се случува отворен упад во судството

Наместо да се реформира судството, оваа Влада прави упад во него, каде отворено, без да се почитува уставниот принцип за поделба на власта, се меша во правосудните работи, истакна новата потпретседателка на СДСМ, професорката Ана Чупеска на Клан дебата.

„Наместо да го реформира, оваа Влада тргна да прави упад во судството, каде отворено, без да го почитува уставниот принцип за поделба на власта, отворено се меша во правосудните работи, таргетира и сатанизира одредени обвинители и обвинителки и сето тоа заврши со оставката на Весна Дамева, што воопшто не е наивна работа“ потенцираше Чупеска.

Таа додаде дека се случчува и удар во безбедносниот сектор, покрај во судскиот систем, како и судир на меѓуетничка основа, што не води кон стабилност.

Чупеска додаде дека ВМРО-ДПМНЕ се води од еден лукративен национализам и на тој начин ги злоупотребува идентитетските чувства на граѓаните.

„Тие (ВМРО-ДПМНЕ) мора да се свестат дека не смеат да делуваат субверзивно и противуставно иако тоа го влечат и од претходно и тие не знаат да функционираат во демократски услови и имаат тенденција да ги гушат демократските процеси и не знаат да функционираат во нормална демократска состојба. СДСМ ќе се спротивстави на сите обиди за упад во институциите“ посочи таа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни