Чудо во природата: Слоница роди близнаци во Национален парк во Кенија

Слоница роди ќерки близначки во Кенија што е ретка појава за најголемиот копнен цицач во светот -објави во петокот организација за заштита на овој загрозен вид на животни.

Двете слончиња се родени во Националниот парк Самбуру на северот на оваа источноафриканска земја, од женка по име Алто, соопшти организацијата „Save the Elephants“, поздравувајќи ја оваа „двојна радост“.

Раѓањата близнаци се застапени само околу 1% од вкупната рожба на слонови, но во Националниот парк Самбуру забележано е раѓање на уште два слона близнаци – машко и женско – на почетокот на 2022 година.

Во видеото објавено од ,,Save the Elephants’’ на својот профил на X (Твитер), може да се видат како двете слончиња цицаат од својата мајка.

Женките слонови имаат најдолг период на бременост од сите цицачи,тие ги носат своите младенчиња речиси 22 месеци и раѓаат приближно на секои четири години.

Близнаците слончиња не успеваат секогаш: близнаците родени во Самбуру во 2006 година преживеале само неколку дена.

Во Кенија има над 36.000 слонови, според бројките од првиот национален попис на целиот див свет во земјата, што бил спроведен во 2021 година.

Оваа бројка претставува зголемување од 12% на популацијата на слонови , забележано во 2014 година, кога ловокрадството за слонова коска беше поголемо.

Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN) во 2021 година предупреди дека ловокрадството и уништувањето на живеалиштата, особено поради пренамена на земјиштето за земјоделство, имаат негативен ефект врз бројот на слоновите низ Африка.

Извор: https://www.africanews.com/2023/11/24/kenya-rare-birth-of-twin-elephants//#:~:text=Twin%20births%20account%20for%20only,a%20female%20%2D%20in%20early%202022

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни