Чудо од талент: Младо момче го воодушеви Сталоне со негови реплики од филмовите

На социјалната мрежа Инстаграм се споделува видео на кое младо момче пред славниот холивудски актер Силвестер Сталоне изговара негови реплики од филмовите.

Видеото за кратко време собра илјадници позитивни коментари и лајкови, а колку во најава добар актер е момчето може да се види и од реакциите на присутните.

По кратко време откако момчето ја започнало својата актерска точка, воодушевениот актер му се придружува веднаш.

Инаку Силвестер Енцио Сталоне американски филмски глумец, режисер и сценарист, кој е роден на 6 јули 1946 година во Њујорк. Најпознат е по своите серијали Роки и Рамбо.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни