Чуд(ес)ен спој меѓу Тони Китановски и Гоце САФ оваа сабота во Јавна соба: „Афро Гитано“ е синтеза на африканските битови и македонска традиционална музика

Како дел од пријатните саботни изненадувања во рамки на мини фестивалот “Светско, а наше”, кој се одвива во Јавна соба, утревечер во 21 часот една невообичаена фузија  меѓу џез гитаристот Тони Китановски и диџеј Гоце САФ.

„Вообичаено, поткровјата асоцираат на места каде се складираат чудни нешта, лични работи, битни спомени. Поткровјето во Јавна соба во саботите навечер е резервирано за светска, а наша музика, во една топла и интимна атмосфера каде бендот и публиката од 200 посетители толку лесно се разбираат.“, велат од Јавна соба.

Концертот насловен Афро Гитано, со оригинална музика снимена на три континенти во пет земји (Конго, Канада, Франција, Австрија, и Македонија). Проектот е во соработка помеѓу Тони Китановски и Eric Malu Malu од Киншаса, Конго. Афро Гитано на композиторско ниво е симбиоза на
македонската ромска музичка традиција и музиката на Африка (Конго и Западна Африка).
Отворениот концепт овозможува истражувања со други музички стилови, како во случајот со ДЈ Гоце и хип-хоп жанрот. Тони Китановски, гитара ДЈ Гоце, грамофони и електроника

World Music Saturday е мотото на фестивалот “Светско, а наше”, кој се одвива во Јавна Соба. Влезницата чини 400 денари.

Организаторот вели за досегашните настани: “Не сме биле сведоци на толку слична атмосфера секоја сабота како на свирките на овој фестивал, редовно има три биса и сплотување на публиката која на крај извикува: УШТЕ!”

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни