„Човек муза“ – едукативната изложба за можностите на вештачката интелигенција

Во ликовниот салон во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вчера беше отворена изложбата „Човек муза“ од Зоран Тодороски.

Од Центарот за култура велат дека дека „едукативната изложба има цел да презентира некои од можностите на вештачката интелигенција што се достапни за обичниот корисник, како и да ги запознае присутните со историјата, суштината и достапните алатки и можности на обичниот корисник“.

„Планирано е да бидат изложени слики во различни стилови и техники генерирани од вештачка интелигенција, придружено со музика и поезија генерирана од вештачка интелигенција кои ќе ги воодушеват присутните, но и ќе ги предочат недостатоците и неопходноста на инспирација, мотив и човечка емоција во уметността“ – вели авторот Зоран Тодороски.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни