Човек изгоре во пожарот во Лозаново, кај Крива Паланка

Во страшниот пожар кој неколку часа беснее во населбата Лозаново, во Крива Паланка почина едно лице.
Фото: Томислав Георгиев за Делегација на ЕУ Скопје

МВР потврдува дека има починато лице, но нема детали, бидејќи увидот трае.

-Денеска (09.07.2025) од страна на полициски службеници од ОВР Крива Паланка во близина на пожар во населбта Лозаново, кривопаланечко било пронајдено починато лице. Во присуство на јавен обвинител се врши увид, информираат од МВР.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни