Чоколадо и чај, комбинација која го намалува притисокот

Ова истражување, објавено во European Journal of Preventive Cardiology, покажува дека ефектот е особено изразен кај лица со покачен притисок и во некои случаи дури се приближува до ефектот на медикаменти

Тим научници од Универзитетот во Сари, Велика Британија, открија дека природните соединенија наречени флаван-3-оли, кои се наоѓаат во чајот, темното чоколадо, јаболките и грозјето, можат значајно да го намалат крвниот притисок и да ја подобрат функцијата на крвните садови. Ова истражување, објавено во European Journal of Preventive Cardiology, покажува дека ефектот е особено изразен кај лица со покачен притисок и во некои случаи дури се приближува до ефектот на медикаменти.

Што се флаван-3-оли?

Флаван-3-олите се природни антиоксиданси кои се најчесто присутни во: Темно чоколадо (особено со 70% или повеќе какао), зелен и црн чај (100–200 mg по шолја), каболки и грозје (особено црвено/виолетово) и природен какао прав (најконцентриран извор)

Темното чоколадо може да содржи и до 600 mg флаван-3-оли на 10 грама, додека млековото чоколадо содржи значително помалку, а белото воопшто не содржи.

Какви се здравствените придобивки?

Истражувањето опфати 145 рандомизирани контролирани студии и покажа дека редовниот внес на флаван-3-оли: го намалува крвниот притисок (особено кај хипертензивни лица), ја подобрува функцијата на ендотелот — внатрешниот слој на крвните садови, ја подобрува циркулацијата дури и кога притисокот останува ист. Ова укажува на широк кардиоваскуларен ефект, а не само регулирање на притисокот.

Што велат експертите?

Професорот Кристијан Хајс, кардиоваскуларен лекар и водечки автор на студијата, изјави:

„Овие резултати се охрабрувачки за луѓето кои бараат достапни и природни начини да го подобрат крвниот притисок и здравјето на срцето. Внесувањето умерени количини чај, јаболка, темно чоколадо или какао прав во секојдневната исхрана може да понуди значителни здравствени придобивки. Секако, ова не е замена за терапија, но е добар додаток на здрав начин на живот.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни