„Читаме книга, гледаме филм“ во Europe House Скопје

На 25 април во 17 часот во Europe House Skopje ќе се одржи настанот „Читаме книга, гледаме филм“. Настанот се одржува во знакот на Денот на книгата, 23 април, а е поддржан од Амбасадата на Шпанија во Скопје.

„Постои ли книга што не сакате да ја видите на платно? Дали филмот треба да биде верен на книгата за да се допадне? Каква е позицијата на жената режисер во филмската индустрија? За овие, но и за други прашања, ќе разговараме со Александар Маџаровски, Читачот, Златко Ѓелески, филмски критичар и Александра Кардалевска, режисер“ велат организаторите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни