„Читаме и слушаме музика“ на Летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка

 

Во понеделник на 15 јули во 20,00 часот на Летна сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка, ќе се одржи мултимедијалниот настан „Читаме и слушаме музика“.

На настанот ќе настапат Весна Станојевска Микиќ, харфистка, Александар Микиќ, актер и Валентина Илијевска, академски сликар.

„Не пропуштајте ја можноста да уживате во убавата музика, актерскиот перформанс и визуелната уметност низ динамична атмосфера и интеракција со публиката“, порачуваат организаторите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни