Двајцата водачи седеа на столчиња поставени во средината на базиликата, наведнувајќи се еден кон друг, без присуство на советници или соработници. Според соопштението од кабинетот на украинскиот претседател, нивниот разговор траел околу 15 минути, а во прилог на тоа се објавени и фотографии од средбата.
Професионалната читачка на усни Никола Хиклинг, анализирајќи ја интеракцијата меѓу Трамп, Зеленски и францускиот претседател Емануел Макрон за британскиот весник „Сан“, откри некои интересни детали.

Според неа, Трамп прво ги испружил рацете кон двајцата соговорници, потоа ги повлекол кон себе и му се обратил на Макрон со зборовите: „Грешиш, треба да ми направиш услуга, не треба да бидеш тука“.
Зеленски кимна со главата во знак на согласност, додека свештеникот, кој стоеше во близина, загрижено ја сврте главата, објави Дејли меил.
Потоа Хиклинг откри дел од разговорот меѓу Трамп и Зеленски.
Зеленски рече: „Би сакал да го направите тоа, но не вака“, на што Трамп одговори: „Тоа е многу интересна стратегија. Имате мој збор“.
Средбата меѓу Трамп и Зеленски доаѓа во клучен момент за преговорите за можен крај на конфликтот меѓу Украина и Русија. Белата куќа го опиша разговорот како „многу продуктивен“, додека Зеленски рече дека нивната средба била „многу симболична“ и „има потенцијал да стане историска, доколку се постигнат заеднички резултати“.

„Се надевам на резултати во сè што разговаравме – заштита на животите на нашите луѓе, целосен и безусловно прекин на огнот и создавање сигурен и траен мир што ќе спречи избувнување на нова војна“, рече Зеленски преку мрежата X.