Во присуство на многубројни мали и големи љубители на книгите, во саботата (13 септември), во Детскиот парк на „Скопје сити мол” се одржа литературно-музичкиот хепенинг „Читањето е супермоќ”.
Настанот беше во организација на „Арс Ламина”, во соработка со „Скопје сити мол” и „Литература.мк”, а на него беа доделени награди на најкреативните учесници на конкурсот „Мојот омилен лик од книгите”.
Посетителите уживаа во настапот на популарниот Петко со „Пет плус фамилија”, кои ги изведоа своите најголеми хитови. Децата танцуваа со светските шампиони од Dancers United и се дружеа со омилените ликови од книгите на „Арс Ламина” – Исидора Мун, Мирабела, Хари Потер и Хермиона.
За време на дружењето се одржаа и работилници за најмладите, на кои заедно со познатите илустратори Калиопи Трпчева и Драган Китановски-Драш беше создаден најголемиот, речиси џиновски цртеж, инспириран од кампањата „Читањето е супермоќ”. Најмалите дечиња, пак, боеја ликови од нивните омилени книги.

На креативниот конкурс, кој „Арс Ламина” го организираше од 4 до 11 септември, пристигнаа над 100 литературни, ликовни и мултимедијални творби од градинки и основни училишта од целата земја. Во продолжение е листата на наградените и пофалените учесници кои пратија творби во две категории – ликовно-мултимедијален и ликовен дел:
НАГРАДЕНИ – ЛИКОВЕН И МУЛТИМЕДИЈАЛЕН ДЕЛ
Прво место – Анабела Николоска, 5 одд., ООУ „Кузман Јосифовски-Питу” – Кичево
Второ место – Ана Поповска, 3-a одд., ООУ „Браќа Миладиновци”, Скопје
Второ место – Деа Стојанова, 3-6 одд., ООУ „Браќа Миладиновци”, Скопје
Трето место – Елена Билбиловска, 7 одд., ООУ „Гоце Делчев”, Гостивар, ментор Габриела Мерџаноска
Трето место – Лана Марков, ООУ „Мирче Ацев” – Ѓорче Петров Скопје
Трето место – Христијан Дамјаноски, 3 одд., ОУ „Гоце Делчев” – Гостивар
ПОФАЛЕНИ -ЛИКОВЕН И МУЛТИМЕДИЈАЛЕН ДЕЛ
Павел Серафимов, 3-a одд., ОУ „Браќа Миладиновци” – Скопје
Теа Јано, 5-в одд., ОУ „Мирче Ацев”, Скопје, ментор Александра Јовановска
Љубица Андонова, 6-в одд., ОУ „Даме Груев” – Битола
Јасмин Манасковска, 4-3 одд., ООУ „Александар Македонски” – Скопје
Калина Димишковска, 6-1 одд., ООУ „Св. Климент Охридски”
Теодора Стојкова, 3-6 одд., ООУ „Васил Главинов” – Велес
Калин Доковски, 6-3 одд., ОУ „Блаже Конески”, Скопје
Стела Велевска, 2-в одд., ООУ „Војдан Чернодрински” – Скопје
НАГРАДЕНИ – ЛИТЕРАТУРЕН ДЕЛ
Прво место – Изабела Ангелова, 7-1 одд., ООУ „Маршал Тито” -Струмица
Второ место – Весна Билбиловска, 4-2 одд., ООУ „Гоце Делчев”, Гостивар, ментор
Габриела Мерџаноска
Второ место – Лана Стеванов, 6-1 одд., ООУ„Климент Охридски” – Прилеп
Трето место – Оливер Тодоров, 3 одд., ОУ „Васил Главинов”, Велес
Трето место – Богдан Софрониевски, 4-2 одд., ООУ „Гоце Делчев”, Гостивар
Трето место – Јан Маневски, 2-б одд., ОУ „Стив Наумов”, Скопје
ПОФАЛЕНИ – ЛИТЕРАТУРЕН ДЕЛ
Никола Деспотовски, 5-2 одд., О.У „Свети Климент Охридски”
Сања Стојкоска, 5- 3 одд., ООУ „Кузман Јосифовски-Питу” – Кичево
Сирма Гашев, 3 одд., ООУ „Васил Главинов”, Велес
Костантина Андонова, 6-в одд., ОУ „Даме Груев”-Битола, ментор Ленче Богоевска
Кристијан Панов, 6-2 одд., во ООУ „Браќа Миладиновци”, Струга