Иако чистењето на забите со конец се смета за дополнителен чекор во четкањето, повеќето луѓе го прават тоа на погрешен начин.
Многумина од луѓето се опседнати со грижа за својата коса и кожа, но се чини дека го занемаруваат оралното здравје. Стоматолозите потенцираат дека грижата за усната празнина е одраз на целокупното здравје.
Доктор Каилеш Соланки, стоматолог од Манчестер, во интервју за порталот „The Sun“ објаснува дека повеќето луѓе прават груби движења при чистењето на забите со конец, а тоа штетно влијае на здравјето.
„На таков начин се повредува непцето“, рече тој и додаде:
„Наместо тоа, кога ги чистите забите со конец правете го тоа полека и нежно, поминувајќи покрај секој заб од сите страни. Само на тој начин ќе постигнете одлични резултати, без да си наштетите“, советува Соланки.
Исто така, тој предупредува да не се користи истиот конец за сите заби, односно да се менува страната од конецот кога на неа ќе се залепат остатоци од храна.
Сепак, стоматологот вели дека најчеста грешка што луѓето ја прават е што престанат да користат забен конец откако ќе забележат крварење од непцата.
„Ова може да биде знак за заболување на непцата и всушност укажува дека е неопходно да се продолжи со редовно користење на конец, крварењето ќе престане по неколку дена“, вели Соланки.
Кога треба да користите забен конец?
За разлика од четкањето на забите, чистењето со конец треба да се прави еднаш дневно.
„Се препорачува да ги чистите забите со конец пред спиење. Тогаш имате повеќе време отколку наутро кога ви се брза“, препорачува Соланки.
Извор: skynews.rs