Фестивалот inFusion останува доследен на својата мисија – да ја промовира културата, различностите и еднаквите можности за сите. Организаторите најавуваат разновидна и инклузивна програма, наменета за публика од сите возрасти и профили, а особено за оние кои веруваат во силата на заедништвото и културната разноликост.
„Ова не е само фестивал, туку платформа за гласност, креативност и соработка. inFusion ја слави инклузијата како начин на живеење,“ порачуваат од организацискиот тим.
Сите новитети, детали околу програмата и распоредот на настаните може да се најдат на официјалната веб-страница на inFusion фестивалот.