Четврто издание на проекции на филмови на школата на Македокс, Докуникулци

Картата, повторно е на база на донации и изнесува индивидуално под мотото „ кој колку може“ и истите средства се насочуваат во организацијата Ретвитни оброк.

Утре со почеток во 20 часот во кафе бар Синдикална култура, ќе се оддржи проекција на филмовите „ Уметност над уметностите“, „ После Марко “ и „ Кино Мортус“. Картата, повторно е на база на донации и изнесува индивидуално под мотото „ кој колку може“ и истите средства се насочуваат во организацијата Ретвитни оброк.

Ова е синопсисот на 2 од трите филма што ќе се прикажуваат, затоа што третиот сам по себе налага да се погледне наместо да се раскаже.

„После Марко “

Приказната ги претставува сите закани за критичко загрозениот балкански рис, луѓето што се залагаат за неговиот опстанок и предизвиците со кои се соочуваат. Може ли некој да стави цена на национално непроценливо богатство на природата и екосистемот?

Режијата е на Мила Макаровска, сценарио: Мила Макаровска, фотографија: Оливер Милески,
уредување: Леон Шумански, музика: Ади Имери и во продукција: Филмско училиште Македокс

Кино „Мортус“

Времепатување во сцената на кино сали во Скопје. Тестаментите на двајцата познавачи на филмот, Илинденка Петрушева и Влатко Галевски, ја раскажуваат приказната за славните денови. Коктел од анегдоти служено со навестување на носталгија ја отсликува иронијата на состојбата во која денес остануваат овие сали за кино.

Режија: Ивана Цветаноска, сценарио: Ивана Цветаноска, фотографија: Антонио Мирикоски, Матеа Козовски, уредување на Оливер Милески, звук Леон Шумански, во продукција на Македокс филм.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни