Четврто издание на Фестивалот за Мала школа за краток филм во Битола

Фестивалот ќе започне со проекции во училиштетот Славко Лумбарковски во Новаци. Свеченото отворање во Битола ќе биде придружено со специјална програма 7 на кратки филмови наменети за децата во четири различни возрасти  од 5-7 годи, од 7-9 години, од 9 -12 години и од 12 до 15 години.

Четвртото издание на фестивалот за Малата школа за краток филм Petite École du film court ќе се одржи во Битола од 28 октомври до 01 ноември 2024 годин), во рамки на програмата за одбележување на 4 ноември, осумдесет годишнината од денот на ослободувањето на градот Битола.

Организатор на фестивалот е здружението AYE AYE VO/FIF Nancy претставено во Битола од Тони и Бландин Гламчевски како носители на проектот поддржан Општина Битола, Францускиот Инситтут и Француската алијанса кое го организира Меѓународниот филмски фестивал во Нанси на кој се прикажани скоро сите македонски најнови филмски остварувања во последните десетина години.

Истовремено со фестивалот се спроведува и  кинематографска и едукативна работа во текот на целата година околу филмот, однсоно филмска писменост со млади луѓе и со поширока публика, во Македонија работи особено со Центарот за култура во Битола.

Здружението AYE AYE VO/FIF Nancy веќе 20 години организира фестивал за училишта (од градинка до трето одделение), Фестивал на школски филм за краток филм, кој годинава треба да пречека повеќе од илјада деца во  Нанси и 242 деца во Везелизе.

И по четврти пат, придобивки од овој детски фестивал ќе имаат и децата од Македонија, особено во Битола и околните села, со значителен ангажман на Центарот за култура Битола, коорганизатор и домаќин на фестивалот. Првото издание се одржа во 2019  година, но поради пандемијата Ковид-19, второто издание се одржа дури во 2022 година, а потоа следуваше изданието во 2023 година.

Фестивалот ќе започне со проекции во училиштетот Славко Лумбарковски во Новаци. Свеченото отворање во Битола ќе биде придружено со специјална програма 7 на кратки филмови наменети за децата во четири различни возрасти  од 5-7 годи, од 7-9 години, од 9 -12 години и од 12 до 15 години.

Организаторите предвидоа и работилница со наставниците од битолските училишта на која ќе бидат запознати со начинот на работата на воспитните ателјеа наменети за децата за воспитување преку краток филм.

Овој настан е наменет за најмладите (од горниот дел од градинката) но и за пред тинејџерите и тинејџерите (до трето одделение) со програми прилагодени на возраста на публиката:

Целта овде е да се запознаат децата со светот на кинематографијата од друг агол од оној на платформите, социјалните мрежи и телевизијата и да им се помогне да го развијат своето критичко размислување, да направат чекор назад од сликата генерално кажано.

Прикажаните филмови се внимателно одбрани од членовите на програмскиот тим на Здружението од кратките филмови кои аплицираат за Меѓународниот филмски фестивал во Нанси.

Има 4 програми и за прв пат децата од Македонија ќе гласаат за победниците на филмовите во четирите категории заедно со нивните врсници од Франција.  

Во зависност од односната возрасна група, кинематографските дела се меѓународни, емитувани на оригиналниот јазик и титлувани на француски за проекции во Франција, титлови на македонски за проекции во Македонија.

Сите проекции на фестивалот за краток филм Мала Школа за краток филм се бесплатни во Македонија, а неговото одржување беше поддржано од општина Битола и Францускиот институт од Скопје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни