Четврти Младински Филмски Фестивал

Кај младите има ентузијазам и за гледање, но и за правење филмови во последиве години. Токму затоа во склоп на фестивалот се организира работилница за музички документарци. Целата идеја е да се снимаат 10 документарци со10 ментори и 10 бендови и сите документарци да се измонтираат во еден долгометражен омнибус
Бојана Николовска, Младински Филмски Фестивал

Четвртото издание на Младинскиот Филмски Фестивал минатата недела ги обедени младите вљубеници во филмот на неколку локации низ градот, каде имаа можност да видат 28 избрани кратки филмови од млади автори од целиот свет. Се работи за независен фестивал на кратки филмови на автори до 24 години. Во фокусот беа младите режисери од Македонија и од регионот. Целта на фестивалот е вмрежување на млади домашни автори и од балканот, како и поддршка и пресек на работата во изминатата година.

За предизвикот да се организира еден ваков фестивал од млади луѓе и за сето она што можеше да се види во двата фестивалски дена, разговаравме со Бојана Николовска.

– Оваа година ни пристигнаа повеќе од 1.700 филмови низ целиот свет, од кои одбравме 28 кои одат на главната програма која е во Кинотека и придружната програма на Синестетика. Исто така имаме и гости, режисерите главни на филмовите, имаме гости од Грција и од Хрватска. Годинава во жири имаме тројца членови, Мартин Иванов кој е монтажер, Ханис Багашов кој е млад режисер и Сара Климоска, нашата мислам дека најистакната млада актерка – вели Бојана Николовка.

Кај младите, смета таа има ентузијазам и за гледање, но и за правење филмови во последиве години. Токму затоа, во склоп на Фестивалот се организираат и едукативни работици во Котур.

-Едукативната програма која се одржува во Котур, се состои од работилница за музички документарци. Целата идеја е да се снимаат 10 документарци, односно имаме 10 ментори, 10 бендови и сите документарци ќе се измонтираат во еден долгометражен омнибус – вели Бојана.

Според неа, важно е фестивалот да оди напред и да се проширува, да не биде само составен од главна програма, туку да има и индустри програма, едукативна програма за млади, за средношколци и за студенти. Со тоа што идејата на фестивалот е да стане центар за соработка меѓу младите автори на Балканот и пошироко.

-Целта на тие интервјуа е да се едуцираат средношколците за можностите кои ги имаат тука и надвор за студирање на филмски академии. Додека пак интервјуата со филмски работници се за да се информираат дека има повеќе професии на сет отколку само режисер и актер -објаснува Бојана.

Со ентузијазам го очекуваме следното издание на фестивалот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни