Според информациите од Полициската управа Лика-Сењ, возилото со загрепски регистарски таблички се движело од Риека кон Сењ, кога возачот – под засега неутврдени околности – изгубил контрола врз управувањето при лесен свиок налево. Наместо да продолжи по патот, автомобилот свртел надесно, удрил во два камени заштитни столба, излетал од коловозот и паднал во клисура длабока околу 70 метри, завршувајќи во морето.
Телата на жртвите се извлечени со помош на Хрватската планинска служба за спасување – станица Госпиќ. По извлекувањето, телата се транспортирани во Институтот за судска медицина во Риека, каде ќе се вршат обдукција и официјална идентификација.
Хрватската полиција спроведува кривично-истражна постапка со цел целосно расветлување на причините за несреќата и потврда на идентитетот на настраданите.
Извор:Тв21