Поранешниот шеф за развој на дизел мотори е осуден на четири и пол години затвор, додека шефот на одделот за електроника на преносниот систем доби две години и седум месеци затвор, јавува германската агенција DPA. Другите двајца менаџери добија условни казни од 15 и 10 месеци.
Скандалот, познат како „Дизелгејт“, избувна во септември 2015 година, кога Американската агенција за заштита на животната средина откри дека Volkswagen манипулирал со софтверот на своите дизел возила за да ги поминат тестовите за емисија на издувни гасови – иако во реални услови емитувале далеку повеќе од дозволеното.
Како резултат на скандалот, Volkswagen досега има платено над 33 милијарди евра во казни и обесштетувања на сопственици на возила. Двајца менаџери веќе беа осудени и во САД на затворски казни.